01.09.2025 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама со порака на социјалните мрежи најави голема операција за рушење на дивоградбите долж крајбрежјето на Албанија, започнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч.
Ова не е само акција, туку процес кој нема да запре сè додека не се искорени појавата на дивоградби – порача Рама, додавајќи дека ќе следува и нов пакет законски измени со кои ќе се зголемат казните за одговорните лица.
Во својата објава тој потенцираше дека законот нема да ги поштеди ниту „инфилтрираните“ во инспекторатите и полицијата, кои дозволувале или прикривале бесправни градби.
Подготвено од М.Д.