PALESTINA

19.09.2025 Скопје

Група американски сенатори предводени од демократи ја поднесоа првата резолуција во Сенатот со која се повикува на признавање палестинска држава, по речиси две години војна во Газа.

Малку е веројатно дека резолуцијата, покрената по предлог на демократските сенатори, ќе помине во Конгресот, каде што републиканците на американскиот претседател Доналд Трамп имаат мнозинство од 53 пратеници, во споредба со 47 демократи.

Сенаторот од Орегон, демократот Џеф Меркли, кој ја предводи иницијативата за резолуцијата, во соопштението изјави дека САД имаат одговорност да покажат лидерство и дека сега е време да се дејствува.

Подготвено од М.Д.

About Author