12.09.2025 Скопје
Во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале и биле следени новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, но и лидерот на Алијанса на Македонски Бугари во РСМ, г-динот Драган Цветковски.
Г-динот Цветковски се прашува дали и тој бил цел на следење на АНБ, како иницијатор за внесување на Македонските Бугари во Уставот на Република Северна Македонија.
Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас АМБ – ДНЕС Куманово, е здружение на граѓани кое е основано во 2020 година, чија основна мисија и цел е впишување на Македонските Бугари во Уставот на РСМ како конститутивен народ, спроведување на попис во РСМ, заштита на човековите права, учество на Македонските Бугари како дел од новата Европска администрација во РСМ, како и унапредување на родовата еднаквост.
Подготвено од М.Н.