ceremony-uk-citizenship-day-celebration_1168612-344496

15.09.2025 Скопје

Британците го кренаа својот глас против цензурата, неконтролираната имиграција, насилството и особено против сексуалната злоупотреба на девојчиња од страна на муслимански банди од азиско и африканско потекло.

Девет лица беа уапсени во Лондон за време на демонстрациите што ги свика крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, соопшти Лондонската метрополитенска полиција.

„Полицијата беше нападната со клоци и тупаници. Беа фрлени шишиња, ракети и други предмети“, соопшти полицијата на социјалните мрежи.

Денес во Лондон се одржа митинг на десничарски поддржувачи и антифашистички контрапротест.

Повеќе од 110.000 демонстранти се собраа на марш организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон.

Митингот „Обединете го Кралството“ започна кога многу помал број луѓе се собраа на антифашистички контрапротест, под слоганот „Марш против фашизмот“.

Британците го кренаа својот глас против цензурата, неконтролираната имиграција, насилството и особено против сексуалната злоупотреба на девојчиња од страна на муслимански банди од азиско и африканско потекло.

Повеќе од 1.000 полицајци патролираа по улиците на Лондон, а беше поставена и тампон зона за да се спречат судири меѓу учесниците на двата маршева во близина на владини згради.

Подготвено од М.Д.

About Author