Narodna-banka-NBM-i-zname-1-bg_resize

11.09.2025 Скопје

Просечно за 50% се намалени надоместоците на банките за граѓаните и за околу 30% за компаниите, информира Народна банка.

Оттаму велат дека сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози.

Надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку интербанкарскиот платен систем (МИПС) се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките – велат од Нардна банка (НБ).

Исто така се амалени и надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките.

Електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55% – велат од Народна банка.

Оттаму додаваат дека банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето.

„Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година- велат од НБ.

Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем.

Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор – велат од Народна банка.

Подготвено од М.Д.

About Author