israel-armas

07.08.2025 Скопје

Германските јавни личности,  бараат од канцеларот Мерц дополнителни санкции против Израел. „Исто така, ги осудуваме ужасните злосторства на Хамас на најсилен можен начин. Но, ниту едно злосторство не го оправдува бруталното колективно казнување на милиони невини луѓе.“

Повеќе од 160 актери, музичари и медиумски личности се придружија на повикот за запирање на германскиот извоз на оружје во Израел.
Според групата Avaaz, која ја започна кампањата, меѓу нив се режисерот Фатих Акин и актерката Сандра Хилер.

Акин некогаш беше продуцент на српскиот филм „Мамарош“, додека Сандра Хилер е позната на публиката надвор од Германија по нејзините улоги во филмовите „Анатомија на падот“ и „Зона на интерес“.

Минатата недела, повеќе од 200 познати личности веќе напишаа отворено писмо во кое бараат од канцеларот Фридрих Мерц да ги запре испораките на оружје и да воведе дополнителни санкции врз Израел.

„И ние ги осудуваме ужасните злосторства на Хамас на најсилен можен начин. Но, ниту едно злосторство не го оправдува бруталното колективно казнување на милиони невини луѓе“, се наведува во писмото.

Во врска со моменталната ситуација во Појасот Газа, иницијаторите го критикуваа и објавувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за окупација на целата територија.

„Господине Мерц, крајно време е да дејствувате!“, напишаа потписниците.

Подготвено од М.Д.

About Author