Slobodan Trendafilov SSM

25.08.2025 Скопје

Претседателот на Сојузот на синдикати на РС Македонија, Слободан Трендафилов вели дека 169.082 работници во РС Македонија работат за плата под 500 евра.

„Треба да знаеш дека фрапантни 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 500 евра. Ние од ССМ се бориме за 169.082 работници да добијат 500 евра минална плата. На последниот протест за 500 евра минимална плата имаше околу 7.000 луѓе со ССМ, но што прават останатите 160.000 работници и што чекаат е главното прашање“, вели Трендафилов.

Според него, само заеднички може да се дојде до повисока минимална плата.

„Во Влада викаат дека само пет / шест луѓе од ССМ бараат зголемување на минималната плата, дека другите не бараат и дека од тоа произлегува дека не им треба зголемување на минималната плата и они за тоа не даваат, односно оние кои живеат добро (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно, Владата и газдите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра, па како мислиш да се избориш да се зголеми :

1. Со протест / со штрајк
2. Без протест / без штрајк
3. Со помош на магија / верба во Владата и газдите
Тие имаат изговор да не дадат, но кој е изговорот на 169.082 работници да не бараат и зошто чекаат друг да се бори за нивната плата да се зголеми на 500 евра“, напиша тој на Фејсбук.

Подготвено од М.Д.

About Author