Donald-Tramp-Evropska-unija

27.08.2025 Скопје

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува санкции против претставници на Европската унија и земјите-членки кои го спроведуваат Законот за дигитални услуги (DSA), тврдејќи дека регулативата ги цензурира Американците и ги зголемува трошоците за американските технолошки компании, откриваат извори блиски до Стејт департментот.

Се претпоставува ддека санкциите би можеле да вклучуваат визни ограничувања. Конечна одлука за видот на санкциите  сè уште не е донесена.

Европската унија го воведе Законот за дигитални услуги (DSA) за да создаде побезбеден интернет простор. Големите платформи мора да бидат поефикасни во отстранувањето на нелегалната содржина – од говор на омраза до материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Европската комисија нагласува дека DSA не ја загрозува слободата на изразување, туку ја штити.

Вашингтон тврди дека ова се неоправдани ограничувања на слободата на говорот, кои особено влијаат на американските компании како што се Мета (сопственик на Фејсбук и Инстаграм).

Американските претставници проценуваат дека ЕУ всушност ги ограничува конзервативните ставови на Интернет. Тие тврдат дека  ЕУ ја задушува политичката десница.

Вашингтон веќе посегна по санкции против одредени странски претставници; така, во Бразил, беше санкциониран судијата на Врховниот суд што ја водеше постапката против поранешниот претседател и сојузник на Трамп, Жаир Болсонаро.

Трамп најав и нови зарини за земјите кои имаат дигитални даноци или регулативи.

Подготвено од М.Д.

About Author