stejt department

15.08.2025 Скопје

Извештајот на американскиот Стејт Департмент за состојбата со почитувањето на човековите права во РС Македонија за 2024 година не содржи обвинувања за корупција во Владата – ова е значителна промена во однос на извештаите кои со години наназад редовно ја обвинуваа Владата за сериозни случаи на висока корупција.

Во изминатите извештаи можеше да се прочитаат следните забелешки:

Значителни кршења на човековите права вклучуваат: насилство и закани со насилство против новинарите, корупција на високо ниво.. (извештајот од 2020 година).

Постојат веродостојни извештаи за примери на сериозна корупција во Владата. (извештајот од 2021 година).

Во извештаите од 2022 и 2023 година исто така се предупредува на „сериозна владина корупција“, додека извештајот од 2019 година како сериозни области во кои се кршат човековите права ги наведува „високата корупција и насилството против ЛГБТ поединците“.

Подготвено од М.Д.

About Author