11.08.2025 Скопје
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната.
Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој додаде дека САД ќе продолжат со „отворен дијалог“ со Украина и Зеленски.
Трамп претходно објави дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска на 15 август, но дека е отворен за трилатерален состанок на кој би учествувал и Зеленски.
Американските и руските претставници работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина и кој би ја потврдил руската контрола врз териториите што Москва ги окупирала од почетокот на инвазијата.
Подготвено од М.Д.