PSG-foto

14.08.2025 Скопје

Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако вчеравечер во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз.

Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во 39.минута, а на почетокот на вториот дел екипата од Лондон го зголеми водството на 2:0 стрелец на голот беше Кристијан Ромеро.

Неизвесност во завршницата донесе Канг Ин Ли со голот во 85.минута, а голот за изедначување (2:2) го постигна Гонзало Рамош во 90+4 минута.

Подготвено од М.Д.

About Author