pari-plata-denari-

26.08.2025 Скопје

Трошоците на живот од месец на месец растат. Затоа мора да растат и платите, особено оние најниските кои со последното усогласување се закотвени на 24.800 денари.

Според податоците што ги исфрли Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), околу 170 илјади работници, што е една третина или 33,1 проценти од работниците во земјава, примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра.

Загрижува фактот што близу 169.082 работници, примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и Парламентот, се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства кои ниту со две плати не можат да си дозволат ниту да ги обезбедат најосновните услови за живот за своите семејства согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница што е загрижувачки. Во РС Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно малцинството владее со мнозинството – велат од ССМ.

Деновиве беше објавена просечната плата во РС Македонија, која за јуни изнесуваше 45.468 денари (740 евра) и во однос на мај била повисока за 8,4% Според пресметките на ССМ токму во мај73,3% од работниците земале плата под просечната, а само 26,7% над просечната плата.

Пресметките покажуваат дека две минимални плати се малку за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во јули изнесува 65.328 денари и во споредба со јуни е зголемена за 630 денари – велат од ССМ.

Од Владата остануваат на ставот дека зголемувањето на минималната плата треба да се реши на Економско-социјалниот совет и дека само со конструктивен разговор може да се донесе решение што Владата ќе го почитува.

Подготвено од М.Д.

About Author