08.08.2025 Скопје
Нема да се градат катни гаражи во скопскиот клинички центар, а цената за паркирање нема да биде за сите иста. Министерот за здравство со ново решение за проблемот кој со години наназад се чека на реализација.
Алиу вели дека во оваа фаза не гледаат потреба за изградба на катни гаражи, како што предлагаше ТАравари, туку со адптација на дел од постојниот простор двојно ќе се зголемат паркинг местата.
„Имаме голем простор во кампусот што не е искористен, знаете дека позади некои клиники има простор што не е достапен ниту за пешаци ниту за коли, работат архитекти, трета фаза ќе биде ако имаме потреба и ако се покаже дека и со оваа оптимизација нема да биде доволно ќе биде катна гаража но ние сме прилично сигурни дека нема да треба.“
За тоа како ќе се одредува цената Алиу нуди смарт контрола.
„За онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен – 0 денари, за пациенти влезот ќе биде евтин, не знам колку е ценатасега да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои што доаѓаат заради икс причини ќе има четврта цена, ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, ќе биде каскаден систем, почнувајќи од 0 денари до цени кои што ќе бидат за граѓаните различни, кога зборуваме за граѓани кои што не се пациенти и не доаѓаат со упат за здравствена услуга тука“.
Паркингот во најголемиот медицински комплекс во земјава е долгогодишен проблем за пациентите кои доаѓаат од сите градови, и за вработените, но примарно секако е нов клинички кој во својата содржина ќе го има и паркирањето, но до сега сите само го најавуваат а целиот капацитет им е само до паркингот , со или без рампи.
Подготвено од М.Д.