29.08.2025 Скопје
За прв пат, под строго контролирани услови, во лабораторијата на Институтот за генетски ресурси на Универзитетот во Бања Лука, од епрувета е произведена автохтона сорта компир гламок.
Како што истакнуваат експертите, овој научен пробив овозможува добивање здрав и безвирусен семенски материјал, што е од суштинско значење за зачувување на генетската автентичност и продолжување на производството на една од најпознатите домашни сорти компири.
„На овој начин, Институтот директно придонесува за зачувување на генетските ресурси на Република Српска и зајакнување на локалното земјоделско производство“, велат од Универзитетот во Бања Лука.
Истражувачкиот тим на овој проект го сочинуваат раководителот на гореспоменатата лабораторија, доц. д-р Мирела Кајкут Жељковиќ, и соработниците м-р Соња Умиќевиќ и Давид Дуцановиќ.
Подготвено од М.Д.