NOVAK GJOKOVIC

25.08.2025 Скопје

Компанијата „Лакост“ одлучи привремено да го промени препознатливото лого кое постои од 1933 година, откако постои и произведувачот. Логото на јарец или коза (гоут) ќе се најде на специјалната колеција облека за претстојниот „Ју-Ес опен во чест на Новак Ѓоковиќ – “Greatest of All Time” (GOAT).

Новата колекција е во чест на Новак Ѓоковиќ, кој во текот на кариерата освои 24 грен слем титули и на врвот на АТП листата се задржа повеќе од 400 недели.

Новак е единствениот играч во историјата кој ги има освоено сите девет турнири во Мастерс 1.000 серијата.

Компанијата „Лакост“ со оваа измена сакаше да ја покаже својата поддршка и да му го признае на Ѓоковиќ статусот на најдобар тенисер на сите времиња.

Наместо крокодилот, поставено е логото на коза (јаре), што е директна референца на акронимот  “GOAT”, кој на англиски јазик значи „најдобриот на сите времиња“, но и звучи исто како англискиот збор коза или јарец.

Подготвено од М.Д.

About Author