EES

04.08.2025 Скопје

Европската комисија неодамна објави дека постепената имплементација на новиот Систем за влез/излез (EES) во земјите од Шенген зоната ќе започне на 12 октомври, кој ќе ги следи движењата на државјаните од трети земји за време на кратки престои во 29 европски земји.

Како што е наведено, EES дигитално ќе ги евидентира влезовите и излезите на патниците, заменувајќи го претходното рачно печатирање на пасошите и собира биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и фотографии на лицето.

Новиот систем EES ќе овозможи поефикасно управување со надворешните граници на ЕУ, откривање на пречекорувања на престојот, како и случаи на злоупотреба на идентитетот и документите. Како што е наведено, постепената имплементација на системот ќе трае шест месеци, во текот на кои граничните служби ќе почнат да ги евидентираат податоците за патниците од трети земји.

Од октомври 2025 година, ЕУ ќе го воведе Системот за влез/излез (EES), кој дигитално ќе ги евидентира пристигнувањата и заминувањата на државјаните од трети земји, заменувајќи го печатирањето на пасошите. Системот ќе собира биометриски податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и слики од лицето, овозможувајќи поефикасна идентификација и откривање на измами со идентитет.

Во текот на шестмесечната фаза на воведување, граничните контроли постепено ќе почнат да снимаат податоци во 29-те земји од Шенген зоната. Системот е дел од пакетот „Паметни граници“ на ЕУ, кој ги модернизира безбедносните протоколи на надворешните граници.

Што е ETIAS и кому му е потребен?

EES е дел од пакетот „Паметни граници“ на ЕУ, кој го вклучува и Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS).

Иако сè уште не е лансиран, Европското електронско авторизирање за патување (ETIAS) веќе го доживува своето прво зголемување на цената. Наместо претходно најавените 7 евра, сите патници од земји на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ – вклучувајќи ги и граѓаните на САД – ќе мора да платат 20 евра за овластување од крајот на 2026 година.

ETIAS е електронски систем за претходна овластување за влез во Шенген зоната и се однесува на 59 земји кои имаат безвизен режим со ЕУ, вклучувајќи ги САД, Канада, Австралија, Обединетото Кралство и Србија.

Системот не е класична виза: нема посета на конзулат, не е потребна дополнителна документација или биометриски податоци. Апликацијата се поднесува онлајн, а одобрението обично се добива во рок од неколку минути до неколку дена.

„ETIAS не е виза и не воведува визни обврски. Нема физичка посета на амбасадата или земање отпечатоци од прсти“, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер.

Дозволата важи три години или до истекот на пасошот, а за патници под 18 години или над 70 години – овластувањето е бесплатно.

Според Европската комисија, одлуката за зголемување на цената доаѓа во светлината на растечките трошоци за дигитална инфраструктура и сајбер безбедност. Иако системот сè уште не стапил во сила, ова е второ одложување на условите, со оглед на тоа што првичното лансирање беше најавено уште во 2016 година, а првиот рок за почеток на имплементацијата беше 2022 година.

„Целта на ETIAS е да се подобри безбедноста на ЕУ, а воедно да се олесни влезот на патниците во Шенген“, се вели во официјалното соопштение.

Подготвено од М.Д.

About Author