1215855_profimedia-0985530495_f

14.08.2025 Скопје

Камион без возач на компанијата „Навио“ за прв пат помина 1.600 километри од Санкт Петербург до Казан за 24 часа, соопшти компанијата. Возилото се возеше по автопати, со присуство на инженер во кабината за надзор.

Наведено е дека истата рута за камиони со возач трае околу 58 часа во просек поради задолжителни паузи, додека возењето без возач овозможува времето на испорака да се намали за околу 2,5 пати.

Со помош на компјутер, камионот препознава пречки на патот и ги прикажува во системот – на пример, возила што се движат во близина. Исто така, го одредува бројот на ленти во двата правци.

Тест возењето потврдува дека автономниот транспорт, без возач во кабината, може да го скрати времето на испорака на стока на слични рути на речиси помалку од еден ден – истакна компанијата.

Се очекува до крајот на оваа година, возниот парк на автономни камиони во Русија да порасне на 100 возила.

Камионите на компанијата што возат без возач работат на одредени делници од Централниот кружен пат од април оваа година, додека тестирањето е во тек на автопатот М-11 „Нева“ од 2023 година.

Подготвено од М.Д.

About Author