06.08.2025 Скопје
Јапонија ги укинува децениските ограничувања за производство на ориз откако недостигот и високите цени на основната храна почнаа негативно да влијаат на пазарите од летото 2024 година.
Премиерот Шигеру Ишиба денес објави дека јапонската влада активно ќе поддржи зголемување на производството на ориз, во согласност со наодите на владина комисија кои укажуваат дека производството заостанува зад растечката побарувачка, делумно поради порастот на туризмот.
Досега, државата ги охрабруваше земјоделците преку субвенции да не ги користат сите достапни површини за садење ориз со цел да се спречи прекумерно производство и да се одржи стабилноста на цените, но Јапонија сега преминува на спротивна стратегија.
Подготвено од М.Д.