15.08.2025 Скопје
Италијанците работат најмалку во Eвропската Унија(ЕУ) по Романија.
Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што претставува втора најниска вредност во Европската Унија по Романија, првенствено поради доцното влегување на младите Италијанци на пазарот на трудот.
Просекот за Европската Унија е 37,2 години, додека Холанѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ, 43,8 години.
Уделот на вработени Италијанци на возраст меѓу 15 и 24 години е само 4,7 проценти. Во Германија тој процент е 10,1, во Франција 9,1 и во Шпанија шест проценти.
Италија се соочува со драматичен одлив на млади и образовани граѓани – 156.000 од нив ја напуштиле земјата во 2024 година, што е најголем број во последните 25 години. Банката на Италија предупредува дека намалувањето на работната сила би можело да го намали БДП за дури 11 проценти до 2040 година.
Економистите забележуваат дека без побрз влез на младите луѓе на пазарот на трудот, се заканува колапс на пензискиот систем на Италија.
Подготвено од М.Д.