29.08.2025 Скопје
Еден од пет Европејци веќе е изложен на ризикот да биде сиромашен во старост, а земјите од Европската Унија треба да спроведат итна реформа на сегашниот пензиски систем, предупреди директорката на Европската служба за осигурување и пензии со седиште во Франкфурт, Петра Хилкема.
„Тоа е неверојатно висок процент, а за жените ризикот е за 30 проценти поголем“.
Според неа, земјите од ЕУ треба автоматски да ги регистрираат вработените во пензиските системи за да го заштитат населението кое старее со забрзано темпо.
Ситуацијата само ќе се влоши, а за 40 години ќе има само 1,5 вработени на секој пензионер, што е двојно помалку од сегашниот сооднос.
Со децении, стандардниот европски модел се потпираше на државниот пензиски систем на владата, кој се грижи за постарите граѓани.
Подготвено од М.Д.