b19b0e565b700cf692acf09e31a1d01a63892534b72b7222173555

13.08.2025 Скопје

Американски спортски портал ги избра најдобрите тренери во Европа. Во изборот влегоа само тренерите кои се на чело на клуб најмалку една година. Оние кои водат национални тимови и оние кои се невработени повеќе од една сезона беа исклучени од изборот.

Најдобар тренер според ЕСПН е предводникот на ПСЖ, Луис Енрике. Арне Слот (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити) се најдоа меѓу првите 3.

Во Топ 10 влегоа и: Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Ханс-Дитер Флик (Барселона), Микел Артета (Арсенал), Антонио Конте (Наполи), Симоне Инзаги (Ал-Хилал) и Џан-Пјеро Гасперини (Рома).

Алонсо во изборот влезе поради резултатите постигнати со Баер Леверкузен, Гасперини со Аталанта, додека Инзаги поради оствареното со неговиот поранешен клуб Интер.

Подготвено од М.Д.

About Author