TRAMP ZELENSKI

19.08.2025 Скопје

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека гаранциите за безбедност на неговата земја веројатно ќе бидат изготвени во рок од десет дена.

Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп, рече Зеленски, по синоќешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и со европските лидери.

Тој истакна дека прашањето за евентуални територијални отстапки, какви што бара Русија, ќе биде „тема која ќе ја оставиме за разговор меѓу мене и Путин“.

Досега Зеленски бараше прекин на огнот како предуслов за средба со рускиот претседател, но вчера изјави дека условите може да го забават процесот. – Ако Украина постави услови, Русија ќе направи исто. Затоа мислам дека треба да се сретнеме без претходни услови и да видиме каков напредок може да постигнеме кон крајот на војната, нагласи украинскиот претседател.

Подготвено од М.Д.

About Author