07.07.2025 Скопје
Среде топлотен бран, сите бараме освежување, а многумина се колнат во пивото, за кое велат дека е најдобриот избор.
Ако некогаш сте се запрашале дали е тоа само субјективно чувство или постои конкретна причина за тоа, ние го имаме вистинскиот одговор за вас.
Според научниците и нутриционистите, причината зошто пивото толку многу нè освежува лежи во неговиот состав
Бидејќи пивото е ферментиран пијалок, содржи значително помалку шеќер од газираните пијалоци, што го прави полесен за телото, особено за оние кои внимаваат на внесот на шеќер.
Уште поважно, пивото речиси целосно се состои од вода. Ова го прави пијалок кој природно го хидрира телото и му помага на телото да ги надомести течностите изгубени преку потење.
Покрај тоа, состојки како хмељ и слад се богати со минерали и витамини кои дополнително помагаат во борбата против исцрпеноста предизвикана од летната жега.
Подготвено од М.Д.