donald-tramp-carini

07.07.2025 Скопје

Американскиот министер за финансии Скот Бесант објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август.

Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји.

Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во наредните денови ќе бидат ослободени од новите царински давачки.

Како термин за воведување на овие „казнени тарифи за земјите што профитираат од трговијата со САД“ првично беше посочуван 9 јули, но претседателот Доналд Трамп во петокот, без да даде детали, изјави дека земјите на кои ќе се однесува ќе почнат да плаќаат од 1 август.

За некои земји, според најавите од администрацијата на Трамп, овие царини би можеле да достигнат 50% од вредноста на стоките и услугите што ги извезуваат во САД.

Подготвено од М.Д.

About Author