IGRI NA SREKA

24.07.2025 Скопје

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го потпишал третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа, со што досега се затворени вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа.

И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените.

Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа, напиша на Фејсбук министерот Андоновски.

Подготвено од М.Д.

About Author