20250715101722

16.07.2025 Скопје

Минималната цена на трудот во Србија ќе се зголеми на 500 евра од 1 октомври оваа година, беше одлучено на седницата на економско-социјалниот совет.

На 124-та редовна седница беше донесена едногласна одлука за вонредно зголемување на минималната плата.

Поточно, минималната плата од октомври ќе биде повисока за 9,4 проценти и ќе изнесува повеќе од 500 евра, беше договорено денес на седницата на Социјално-економскиот совет (СЕС) на Србија. Претседателката на СЕС и министерка за труд, Милица Ѓурѓевиќ, изјави дека одлуката за вонредното зголемување е донесена едногласно и дека тоа е резултат на социјалниот дијалог во Србија.

Претходно беше презентиран предлог за динамиката на растот на минималната плата, кој предвидува зголемување во две фази – од октомври оваа година и од јануари 2026 година (за што одлуката ќе се донесе во август).

Минималната плата во моментов е 53.592 динари, или 457 евра, откако беше зголемена за 13,7 проценти во јануари оваа година, а целта е до крајот на 2027 година, односно од 2028 година, минималната плата да изнесува 651 евро.

Претпоставката беше дека првото зголемување ќе биде на 500 евра, односно на околу 58.000 динари.

Подготвено од М.Д.

About Author