f6b004c78157b947028fed156e23d51c

22.07.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп објави монтирана видео-снимка направена со вештачка интелигенција на која се гледа како агенти на ФБИ го апсат поранешниот американски претседател Барак Обама во Овалната соба, додека Трамп задоволно се смее.

Објавата на снимката доаѓа во време кога директорката на Националната разузнавачка служба на САД, Талси Габард, најави кривична пријава против Обама, истакнувајќи дека располага со докази дека администрацијата на Обама во 2016 година фабрикувала докази за руско мешање на изборите на кои победи Трамп.

Имаме докази за кривично гонење на одговорните – изјави Габард, најавувајќи дека следната недела ќе бидат објавени нови документи поврзани со наводна координација за преувеличување на руската вмешаност во тогашната претседателска трка.

Некои американски медиуми коментираа дека Трамп се обидува да го сврти вниманието на јавноста од скандалот поврзан со бизнисменот и педофил Џефри Епштајн. Јавноста во САД, вклучително и дел од поддржувачите на Трамп и пратеници од Републиканците побараа објавување на дополнителни докуметтни шпекулациите дека Трамп е вмешан.

„Министерството за правда и ФБИ демантираат дека постои некаков таен список со клиенти на Епштајн кој би ги инкриминирал Трамп или други политичари“, соопштија официјално институциите.

Во меѓувреме, снимката која ја објави Трамп со Обама веќе наголемо се споделува на социјалните мрежи. На снимката е прикажано и како Обама во портокалова затворска облека држи натпис „Никој не е над законот“.

Трамп го освои својот прв претседателски мандат против Хилари Клинтон на изборите во 2016 година. Истата година започнала истрага на ФИ за наводните врски на штабот на Трамп со Русија. Подоцна, случајот како независна истрага го водеше специјалниот обвинител Џон Дарем.

Според најновата изјава на Талси Габард, со јавноста во САД наскоро ќе добие појасна слика за улогата на тогашната влада на Обама во иницирањето на истрагата за Трамп.

Подготвено од М.Д.

About Author