Donald-Tramp-tarifi

31.07.2025 Скопје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес официјално ја потпиша извршната уредба со која се наметнуваат нови тарифи од 40 отсто на производите кои се увезуваат од Бразил.

Од Белата куќа соопштија дека оваа одлука резултира со зголемување на вкупните давачки на 50 проценти.

Како што беше наведено, прецизните детали околу причините за оваа мерка и нејзиното потенцијално влијание врз трговските односи помеѓу двете земји допрва ќе бидат објавени.

Подготвено од М.Д.

About Author