05.07.2025 Скопје
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е пуштен да се брани од слобода откако се појави пред Судот на Босна и Херцеговина, односно Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Тој бил пуштен откако дал неколкучасовен исказ пред обвинител.
Според некои правни експерти, ослободувањето е логично и очекувано, бидејќи со самоиницијативното појавување тој покажал дека нема намера да бега. Судот на Босна и Херцеговина и Обвинителството на Босна и Херцеговина потоа издадоа заедничко соопштение за медиумите.
Меѓу другото, во соопштението се вели и дека „контролата на оправданоста на времетраењето на овие мерки ќе се спроведува на секои два (2) месеци. Осомничениот беше посебно предупреден дека може да му биде одреден притвор доколку ги прекрши обврските што произлегуваат од изречените мерки на забрана“.
Подготвено од М.Д.