Image by wirestock on Freepik

04.07.2025 Скопје

Висината на минималната плата во Србија ќе биде позната за две недели, a целта е да достигне 650 евра.

„Во Владата на Србија денеска се одржа колегиум на Социјалниот и економски совет, каде што тема на дискусија беше предлогот на Владата за зголемување на минималната плата во Србија“, објави министерот за финансии Синиша Мали.

Во следните две недели ќе има состанок на Социјалниот и економски совет, каде што ќе се донесе конечната одлука за зголемувањето.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека верува дека работодавачите ќе прифатат зголемување на минималната плата, како и дека државата ќе преземе дел од овој товар.

Подготвено од М.Д.

About Author