30.07.2025 Скопје
Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.
Неколку лица се повредени во оддалечениот руски регион, а на жителите на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кој беше тешко погоден од земјотресот и цунамито во 2011 година, им беше наредено да се евакуираат. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, изјави гувернерот на Камчатка на Телеграм.
Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3-4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео објавено на социјалните мрежи. Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Неколку луѓе побарале медицинска помош по земјотресот во Камчатка, објави Олег Мелников, регионалниот министер за здравство.
Руската академија на науките соопшти дека ова е најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година. Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот Огнен Прстен, геолошки активна област позната по силни земјотреси и вулкански ерупции.
Снимките од моментот на земјотресот во Камчатка се шират на социјалните мрежи. Земјотресот ја оштетил градинката.
Подготвено од М.Д.