b58f8b7e-aeea15366472639622161b947095b897

09.07.2025 Скопје

Според информациите објавени од западните медиуми, тајните руски единици во Одеса се подготвени да извршат координиран бран удари во заднината на фронтот (во длабочината на Украина), додека во исто време би следувала надворешна офанзива на фронтот од страна на редовни руски трупи. И руски медиумски извори пишуваат за „можно проруско востание во Одеса“, бидејќи „луѓето во тој регион се доведени на работ на очај“. Според тврдењата на повеќе руски медиуми, „до операцијата останува многу малку време“, бидејќи „се собрани информации за подготовката на руската офанзива за ослободување на Одеса“.

Натаму, британската разузнавачка служба МИ-6 известила дека руските вооружени сили веќе го завршиле главниот дел од подготовките и дека офанзивата би можела да започне. Според британската разузнавачка служба МИ-6, „самиот факт дека бројот на руски напади врз воени објекти во Одеса и Николаевската Област значително се зголеми во последните два месеца, може да укажува дека Москва подготвува нешто големо и стратешки важно“.

Од друга страна, за издвојување е објавата на рускиот воен аналитичар Владислав Шурјугин, кој тврди дека „сѐ поевидентни се апелите на локалните жители на Одеса и повиците за организиран руски отпор кон украинската власт“. Имено, според него, „илегалци – руски борци од Одеса, пишуваат дека се подготвени да ја започнат активната фаза на востанието – сè што им треба се координација и поддршка“.

Така, еден од проруските илегалци партизани наведува дека „Одеса изгледа како град под украинска окупација“, забележувајќи го големото присуство на странски војници во градот, вклучувајќи војници што зборуваат полски, француски и германски јазик.

Особено се нагласува дека британските специјални сили се присутни во „бисерот на Црно Море“, а руските разузнавачки служби постојано потврдуваат дека британските оперативци обучуваат украински единици (ГУР) за поморски операции. Голем број контролни пунктови се поставени на улиците на градот.

Исто така, се наведува дека „незаконитостите што ги вршат украинските воени комесари, како и присуството на платеници и советници на НАТО, кои се релаксираат во ресторани“, го зголемуваат очајот кај жителите на Одеса. Во градот, сè почести се дискусиите за отпор кон „ловците на човечко месо“, односно за спонтано организирање на населението со цел да се заштити од присилна мобилизација. Жителите на Одеса, кои се противат на режимот, се принудени да се кријат и да гладуваат, бидејќи не им е дозволено да излегуваат надвор од страв дека веднаш ќе бидат испратени на фронтот.
Според рускиот воен аналитичар Владислав Шурјугин, „украинските власти го игнорираат незадоволството на народот не само во Одеса туку и низ целата земја, што само дополнително го поттикнува потенцијалот за бунт“.

Има сè повеќе индикации дека на руската офанзива нема да се чека долго. По влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток, западните извори – повикувајќи се на разузнавачки податоци од безбедносно-разузнавачките извори, зборуваат за „интензивирање на руските активности, на копно и во Црното Море“.
Поранешниот генерал на Бундесверот, Роланд Катер, изјави дека „Русија спроведува офанзивни операции во повеќе насоки, и на копно и во воздух“!

Украина е ослабена и Путин сака да го искористи тоа – наведува Катер, посочувајќи дека Русија можеби планира да ги подели западните сили на два фронта – североисток преку Суми и југозападно преку Одеса до Транснистрија.

Подготвено од М.Д.

About Author