Letovanje-scaled

16.07.2025 Скопје

Намалување има на бројот на Европјаните кои не можат да си дозволат седумдневен одмор.

Во 2024 година, 27 проценти од населението на Европската Унија на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела годишен одмор надвор од местото каде што живеат.

Овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал (за 10,6 процентни поени) отколку пред десет години, во 2014 година, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Најголем удел од луѓето кои не можеле да си дозволат една недела одмор е забележан во Романија (58,6 проценти), Грција (46 проценти) и Бугарија (41,4 проценти).

Спротивно на тоа, 8,9 проценти од луѓето во Луксембург, 11,6 проценти во Шведска и 13 проценти во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат една недела одмор далеку од дома во 2024 година.

Подготвено од М.Д.

About Author