08.07.2025 Скопје
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчеравечер стави потпис на извршна директива со која се одложува влегувањето во сила на таканаречените реципрочни американски давачки до 1 август.
Претходниот краен рок за финализирање на трговските разговори во врска со тарифите истекува денес.
Трамп потврди дека ќе ги имплементира давачките од 25 проценти за производи од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне спогодба.
Тој, исто така, наведе дека има намера да воведе давачки од 40 отсто за Мјанмар и Лаос, 36 проценти за Камбоџа и Тајланд, 35 отсто за Бангладеш и Србија, 32 процени за Индонезија, 30 отсто за Босна и Херцеговина и Јужноафриканска Република и по 25 отсто за Тунис, Малезија и Казахстан.
Подготвено од М.Д.