CARINA

04.07.2025 Скопје

РС Македонија повеќе нема царини за производите кои доаѓаат од САД – Од 1 јули стапија на сила измените на законот кој го предложи Министерството за финансии, а со кој се укинаа тарифите за американските производи.

Информацијата ја потврдија од Министерството за финансии, од каде повторуваат дека со измените на Законот за царински тарифи освен либерализација на увозот од САД, се намалуваат царинските стапки за 67 стоки.

Сега, се чека на одлуката на САД, дали ќе возврати на укинатите царини. Виетнам, кој се одлучи на истиот чекор како РС Македонија и целосно ја укина царината за стоките од САД доби тарифа од 20% за производи од Виетнам на американскиот пазар.

Царината која САД ја воведе за РС Македонија изнесуваше 33%, но по една недела, Трамп одлучи да ги суспендира царините за 90 дена – суспензија која истекува на 9 јули.

Подготвено од М.Д.

About Author