timco-mucunski

26.07.2025 Скопје

„Уставниот суд треба да даде свое гледиште, од гледна точка на самата процедура, односно како тој е склучен, земајќи го в предвид меѓународното јавно право, неговата содржина. Тоа што си го има дозволено да го потшише мојот претходник е катастрофални и може да има многу негативни и штетни последици. Тој нема никаква задолжителна правна примена и не произведува никакви правни последици за државата“, кажа шефот на македонската дипломатија.

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 2022 година поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка на ДОМ, Лилјана Поповска, ќе потврди дали уставните измени се единствената пречка за Бугарија за откочување на нашиот евроинтеграциски процес.

Ова го кажа министерот за надвореешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а коментирајќи го исходот од поднесената иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија од страна на поранешната пратеничка и поранешна претседателка на Демократската обнова за РС Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска.

Министерот рече дека се уште нема одговор од бугарска страна за предлогот на премиерот Христијан Мицкоски да се поднесе заедничка резолуција со Бугарија пред Европскиот Парламент со што ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик.

Со бугарскиот колега Георг Георгиеев нема остварено формална комуникација, но се надева дека по летните одмори ќе има можаност да се сретнат.

Според поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која поднесе Иницијатива до Уставниот суд, Протколот со Бугарија ја нема поминато легалната процедура за негово договарање, усвојување од страна на Владата, потпишување, собраниска ратификација и објава во Службен весник.

Нејзина оценка е дека Протоколот не е правно валиден документ поради најмалку седум правни прекршувања.

Подготвено од М.Д.

About Author