Marta Kos

21.07.2025 Скопје

Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но и српската влада треба да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон ЕУ. Тоа го изјави европската комесарка за проширување Марта Кос синоќа во изјава.

„Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но не е доволно ние да го кажеме тоа. Секако, Србија мора да спроведе бројни реформи за да докаже дека навистина заслужува членство во Европската унија“, рече Кос.

Таа зборуваше и за причините зошто знамињата на ЕУ не можат да се видат на студентските протести во Србија.

„Интересно е што кога ги прашав различните претставници зошто нема европско знаме, добив приближно четири одговори. Првиот е затоа што го поддржувате Вучиќ. Вториот е затоа што не бомбардиравте – патем, тоа беше НАТО, а не ЕУ. Третиот е затоа што барате од нас да го признаеме Косово, што ЕУ, секако, не го бара од Србија. И четвртиот е затоа што нема да се замериме со Русија. Така што, тоа е комплицирана ситуација“, рече Кос.

Таа додаде дека е во постојан контакт со претставниците на граѓанското општество во Србија, пренесоа српските медиуми.

Подготвено од М.Д.

About Author