18.07.2025 Скопје
Отворена е истрага за заканите врз известувачот за РС Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц. Вајц во интервју вели и дека дел од европратениците се каат што дозволиле дебата за нечиј идентитет.
Според него исфрлувањето на формулацијата македонски не е сигурен дека е мудра одлука. На критичарите им порачува планира уште подетално да се занимава со напредокот на земјава.
Инаку, бугарските европратеници претходно го обвинија дека кај него лобирале македонски политичари.
Подготвено од М.Д.