22.07.2025 Скопје
Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник во скопската општина Чаир, додека Бајрам Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори.
Ова беше соопштено по 21. седница на Централното претседателство на ДУИ, што се одржа во Тетово.
Освен ДУИ, кандидати за градоначалници во коалицијата Европскиот фронт имаат и Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села, како и другото крило на оваа партија, предводено од Арбен Таравари.
Бујар Османи беше и кандидат за претседател на РС Македонија на последните претседателски избори што се одржаа во април 2024 година.
Подготвено од М.Д.