07.07.2025 Скопје
Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК Плус би можела да го зголеми производството на нафта за август веќе на состанокот во сабота, изјавија денеска извори кои се запознаени со ситуацијата.
Тоа би било поголемо зголемување од 411.000 барели дневно (bpd) што веќе се договорени за мај, јуни и јули.
Осумте членки на групата, Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Кувајт, Оман, Ирак, Казахстан и Алжир, треба да одржат онлајн состанок за да одлучат за нивната политика за производство на нафта за август.
ОПЕК Плус направи радикална промена на политиката оваа година кога гореспоменатите членки почнаа постепено да ги укинуваат своите најнови намалувања на производството почнувајќи од април.
По ова следеа зголемувања во мај, јуни и јули до 411.000 bpd секој месец.
Осумте земји-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) се согласија да го зголемат производството на нафта на 548.000 барели дневно во август.
Подготвено од М.Д.