policija-mvr

05.07.2025 Скопје

Министерството за внатрешни работи овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта

https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request”

„Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7.000 закажани термини месечно, а во текот на 2025 има над 4.000 термини месечно или во просек речиси по 200 закажани термини на ден преку овој сервис.

Дополнително, ве информираме дека закажувањето термин преку редовните телефонски линии функционира беспрекорно и термин за редовна постапка се добива за еден ден“, соопшти министерството.

Подготвено од М.Д.

About Author