Skopje_Airport_-_View_of_the_main_entrance_by_night_2018-768x437

31.07.2025 Скопје

Скопје од ноември ќе биде поврзано со нови европски метрополи – Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари и Келн.

Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, по потпишувањето на договорот за новите пет редовни авиолинии што ќе стартуваат од скопскиот аеродром до крајот на 2025 година.

Потпишавме договор за пет нови дестинации кои ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Овие авиолинии ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис и повеќе можности за сите граѓани на РС Македонија – изјави Николоски.

Од ноември и декември – редовни летови до 5 нови европски града

Според договорот, од ноември 2025 ќе започнат редовни линии до Мадрид и до Стокхолм, а од декември ќе летаат и авиони до Прага, Келн и до Бари.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага. Тие ќе значат многу повеќе туристи за РС Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за нашите граѓани – додаде министерот.

Веќе се отворени 16 авиолинии за една година

Со овие пет нови, РС Македонија доаѓа до вкупно 16 нови авиолинии во само една година, потврди Николоски.

Бројките го покажуваат тоа – само во првата половина од оваа година, од скопскиот и охридскиот аеродром се превезени 1,5 милион патници. Тоа е зголемување од 5% на скопскиот и 11% на охридскиот аеродром – рече Николоски.

Министерот најави и дека во наредниот период ќе следуваат уште нови линии, со што македонските аеродроми ќе станат уште поатрактивна точка на европската авио-мрежа.

Подготвено од М.Д.

About Author