15.07.2025 Скопје
Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба, истакнуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Додека летово, речиси секојдневно стигнуваат вакви соопштенија од „Водовод и канализација“, социјалните мрежи се полни фотографии и видеа каде се гледа како водата непречено истекува неконтролирано од некои фонтани и чешмички, како и од пукнати цевки или вентили оставени отворени, на кои со денови не се интервенира.
Подготвено од М.Д.