globalna ekonomija

21.07.2025 Скопје

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г20 изјавија дека глобалната економија се соочува со сложени предизвици и значителни неизвесности и ја нагласија потребата од реформи.

Високиот јавен долг и фискалните притисоци, ја препознаваат потребата од зголемување на долгорочниот потенцијал за раст преку спроведување макроекономски политики насочени кон раст и спроведувајќи реформи за зголемување на продуктивноста, посочуваат од Г20.

„Структурните реформи се неопходни за генерирање силен економски раст и создавање повеќе и подобри работни места“, се вели во соопштението.

Во соопштението, исто така, се нагласува потребата од зајакнување на меѓународната соработка и се наведува дека независноста на централните банки е од витално значење за обезбедување на стабилноста на цените.

Подготвено од М.Д.

About Author