09.07.2025 Скопје
Неизвесностa со царините, постојани закани од aмериканскиот претседател Доналд Трамп и одложување на какво било решение, трговскиот спор со САД стануваат сериозни проблеми за германските извозници.
Во мај, извозот кон САД, кои се најважниот трговски партнер на германските компании, се намали на најниско ниво за повеќе од три години, според податоците на Федералниот завод за статистика.
Во мај, извозот се намали за 7,7 проценти во споредба со претходниот месец, на 12,1 милијарди евра. Падот е забележан и во април.
„Ситуацијата во надворешната трговија е драматична и се заканува дополнително да се влоши“, рече Дирк Јандура, претседател на Здружението на извозници на BGA.
А неизвесноста околу царинските давачки продолжува.
Во понеделник вечерта, Трамп го помести рокот за нови царини од оваа среда на 1 август и најави големи дополнителни царини за азиските земји, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и Малезија.
Со тоа, царинскиот спор е дополнително одложен, па дури и 1 август, како што вели Трамп, не е конечниот рок.
Подготвено од М.Д.