kina i eu

07.07.2025 Скопје

Кина одлучи да воведе царини на увозот на жестоки пијалаци од ЕУ на пет години затоа што компаниите ги пласирале на кинескиот пазар по цени пониски од трошоците за произвоство, објави министертвото за трговија.

Царините во опсег од 27,7 до 34,9 отсто ќе се наплаќаат од сабота и ќе останат на сила пет години, наведе министерството.

Компаниите кои се обврзаа доброволно да ги продаваат своите пијалаци по утврдената минимална цена ќе бидат изземени ако ги исполнуваат потребните услови, се наведува во министерството.

Мерките, според пописот на министерсвото за трговија, ќе опфатат повеќе од 60 фирми, а условите за изземање би можеле да ги исполнуваат 34 од нив.

Производителите на коњак предложија минимални увозни цени во распон од шест од осумдесет и пет долари по литар и постигнаа првичен договор со Пекинг, изјавија упатени извори пред крајот на минатата седмица.

Подготвено од М.Д.

About Author