KAFE

17.07.2025 Скопје

Цените на кафето вчера се зголемија како директна последица на воведувањето на царината на САД за бразилскиот извоз од 50 отсто. Кафето Арабика веднаш поскапе.

Од почетокот на годината, цената на кафето од сортата Арабика на светскиот пазар се зголеми за 25 отсто, а на робуста за 10 отсто, додека за една година цените на кафето се зголемија за 120 односно за 90 отсто.

Цената на кафето се зголеми за 100 отсто во последните две години.

Аналитичарите велат дека неизвесноста на пазарот е предизвикана од инфлацијата, климатските промени и пониските приноси. Бразил и Виетнам се најголеми производители на кафе во светот.

Проценките за следната берба се намалени поради екстремно сушниот период за време на созревањето на новите залихи и затоа се очекува недостигот на Арабика да се почувствува барем до 2026 година.

Подготвено од М.Д.

About Author