dd4df5b1-c5cf-48fb-80e7-b719460a1df8_cx0_cy7_cw0_w800_h450

08.07.2025 Скопје

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди да се изгради огромен камп за 600.000 раселени Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа.

Тој додаде дека изградбата на кампот има за цел да ја ослабне власта на Хамас над населението во палестинската енклава. Предвидено е во кампот да бидат сместени стотици илјади Палестинци кои во моментот живеат во шатори во реонот на Ал Маваси.

Кац посочи дека кампот ќе биде изграден за време на 60-дневниот прекин на огнот, за што Израел и Хамас водат преговори. Исто така е предвидено со кампот да управуваат „меѓународни партнери“, а израелската армија да се грижи за безбедноста.

Израелскиот министер за одбрана посочи и дека се изготвуваат планови за изградба на „хуманитарен град“ врз урнатините на градот Рафа, кој е во голема мера уништен во војната.

Во Појасот Газа живеат помалку од 2 милиона луѓе, а поголемиот број од нив се раселени за време на конфликтот. Ниту една земја во светот не изрази подготвеност да прифати Палестинци од Појасот Газа.

Подготвено од М.Д.

About Author