iceland-eu

18.07.2025 Скопје

Исланд ќе започне преговори за безбедносно и одбранбено партнерство со Европската Унија, изјави денес исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Фростадотир го изјави ова на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Кефлавик. Исландската премиерка нагласи дека се надева дека ќе ги заврши преговорите до крајот на годината.

„Ова е многу важно за нас да покажеме дека можеме да соработуваме кога станува збор за критична инфраструктура, цивилна заштита, секаков вид инвестиции во одбраната (во технологии со двојна употреба), а тоа вклучува и хибридни и сајбер закани“, рече таа.

Исланд е дел од Шенген зоната како една од четирите земји што не се членки на Европската Унија, а е и една од земјите основачи на НАТО алијансата во 1949 година.

Подготвено од М.Д.

About Author