13173364-scaled-e1751877063257

09.07.2025 Скопје

Европската комисија денес, по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон, познат по истакнувањето на усташкиот симболизам во неговите песни и изведби, објави дека остро го осудуваат секој израз на фашизам што потсетува на најтемните периоди од европската историја и потсетува дека земјите-членки на Европската унија се должни кривично да го санкционираат говорот на омраза.

Вака одговори портпаролот на ЕК, на прашањето како ЕК реагира на одржувањето на концертот и извикувањето „За дом спремни“ и други усташки (фашистички) симболи што се користат на неговите настапи.

„На ниво на ЕУ, постои Рамковна одлука за борба против расизмот и ксенофобијата, која ги обврзува земјите-членки да го криминализираат говорот на омраза. Ова вклучува јавно поттикнување на насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја на кожа, религија, потекло или национална или етничка припадност“, наведува ЕК во соопштението.

Се потсетува дека земјите-членки се должни да го гонат и јавно да одобруваат, негираат или грубо да ги омаловажуваат злосторствата како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

Подготвено од М.Д.

About Author